MANHATTAN CLEARFACE КАМЕНА ПУДРА COMPACT POWDER

Антибактериска камена погодна за комбиниран тип на кожа подложна на појава на запушени пори. Ја навлажнува кожата, ја намалува мрснотијата на лицето, хидрира и зајакнува. Штити од нечистотии и се бори со непријатните мозолчиња. Достапна во 4 природни нијанси.

Пудрата за лице Manhattan Clearface има антибактериско дејство, и е погодна за комбинирана кожа кај која има појава на запушени пори. Нејзината формула содржи цинк, кој што ја навлажнува кожата и го регулира производството на себум, со што се намалува маснотијата. Во составот на пудрата има и пантенол кој продира во горниот слој на кожата, и при тоа го хидрира и зајакнува. Пудрата не ги затвора порите, и дозволува кожата да дише. Исто така, штити од нечистотија и се бори со непријатните мозолчиња. Антибактериската пудра помага да се сокријат несовршеностите на кожата на лицето благодарение на нејзината нежна текстура, и при тоа му дава здрав и сјаен изглед на вашето лице.
Пакувањето на камената пудра содржи и апликатор, што ја прави примената на овој производ едноставна. Достапна е во 4 нијанси, погодна за различни нијанси на кожа. Антибактериската пудра е дерматолошки тестирана.

Начин на употреба:
Нанесете ја пудрата на лицето со помош на апликаторот за да добиете природен и здрав изглед на кожата.
За поголема прекривност на бојата, можете да ја повторите постапката во посакуваните области на лицето.