Плаќање и испорака

    Плаќање и испорака

    E-продавницата на dekorativaklasik.mk ви овозможувада го платите одбраниот производ преку платежните картички VISA, MasterCard и Maestro (издадени од било која банка во Република Северна Македонија). По приемот на уплатата, ние ви ги испорачуваме нарачаните производи на наведената адресата за испорака во рок од 1 до 3 работни дена.

    Испораката ја вршиме преку фирмата Карго експрес Доо Битола, и со сопствен превоз (само за територијата на градот Скопје). Во викенди (сабота и недела) и празници служба за достава не испорачува пратки.

    За нарачки во вредност над 600 денари испораката е БЕСПЛАТНА, во спротивно се наплаќа 99 денари.

    ЗАДОЛЖИТЕЛНО! Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка ве молиме да нè контактирате на тел. број: 02/246 4141 или моб. 075 251 242, Понеделник – Петок 09-16ч или пак да ни испратите e-mail со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата dekorativaklasik@yahoo.com и да ги наведете причините поради кои сакате да направите враќање или замена на производот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката, во спротивно не може да се направи рекламација или замена на производот.

    Нарачателот е должен да ја потпише испратницата од доставувачот и да задржи еден примерок за себе како потврда дека пратката е примена.

    За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нè контактирате на 02/246 4141 или испратете е-mail на dekorativaklasik@yahoo.com