Archive for Term: Alpi Fresh

  • Alpi Fresh балсам од коњски костен со витамински комплекс и пантенол (витамин Б5) - 500мл
    179,00 ден 159,00 ден

    Балсамот од коњски костен е докажано ефикасен производ за нега на кожата. Ја лади, освежува и смирува кожата. Аромата на планински бор и камфор, рузмарин, ментол, арника и нане, ја витализираат кожата и ја стимулираат циркулацијата на крвта. Пантенолот (витамин Б5) и витамин Е ја штитат и се грижат за кожата. Дерматолошки тестиран производ. Да се избегнува контакт со очи и отворени рани. Дивиот костен има докажано тонизирачко дејство врз вените (ги затега вените) и противвоспалително дејство, ги зајакнува капиларите, има и аналгетско дејство. Покрај тоа, ја намалува зголемената тенденција на згрутчување на крвта и формирање на тромбови.

  • Alpi Fresh вазелин маст, без парфеми, бои и конзерванси - 125мл
    113,00 ден 99,00 ден

    Вазелин Alpi Fresh ја штити кожата од штетните надворешни влијанија и помага да се задржи нејзината природна влага. Дерматолошки тестиран производ. Не содржи парфеми, бои и конзерванси. За надворешна употреба.

  • Alpi Fresh крем-балсам со невен и витамин Е, 250мл
    179,00 ден 159,00 ден

    Се користи за нега на кожата на лицето, телото и рацете. Навлажнува, регенерира, ја подобрува еластичноста. Природниот екстракт од невен во комбинација со витамин Е, ја штити кожата во текот на целиот ден. Исто така погоден е за многу груба и иритирана кожа. Ја враќа свежината и еластичноста на кожата по изложување на сонце. Погодно за целото семејство. Идеално за масажа на целото тело и масажа на нозете. Невенот има антимикробно дејство и способност да го забрза заздравувањето на раните. Исклучително ефикасен за проширени вени, смрзнатини, изгореници и постоперативни рани.

  • Alpi Fresh крем-гел со екстракт од билката "ѓаволски нокт", 250мл
    179,00 ден 159,00 ден

    Екстрактот од јужноафриканскиот ѓаволски нокт има докажано антиинфламаторно, антиревматско, аналгетско и седативно дејство. Ја нормализира циркулацијата на крвта. Се користи за ревматизам, гихт, мијалгија, лумбаго а особено за артритис. Докажано е дека дејството на ноктот на ѓаволот го намалува отокот и болката во воспалените зглобови и ја зголемува нивната подвижност. Нежното триење го подобрува ефектот на производот - мускулите се релаксираат, чувството на напнатост исчезнува. Се чувствувате освежено и опуштено. Содржи пантенол и глицерин кои ја хранат и навлажнуваат кожата. Билката позната како "ѓаволски нокт" се користи со векови во Африка. Во Европа била непозната сè до почетокот на 20 век, кога еден германски земјоделец слушнал приказни за нејзините лековити својства за време на патувањето во Јужна Африка. Тој одлучил да се одгледува во Германија и наскоро станува популарен хербален лек.