Bell HYPOAllergenic Volumizer сјај за усни за волумен
454.00 ден
Bell HYPOAllergenic течен сјај за волуменозни усни е комбинација од специјално избрани состојки. Рицинусовото масло измазнува и дава влажен сјај – усните изгледаат видливо пообемни. Исклучително пријатната желе-формула не создава несакан леплив ефект. Збогатен со масло од авокадо со долготраен навлажнувачки ефект и со витамин Е, кој омекнува и штити од слободните радикали. Палетата од 12 бои овозможува два различни ефекти – тие без честички создаваат интензивен влажен ефект, а оние со дополнителен сјај ги прават усните неодоливи.
Бои: 01 CLEAR, 02 PRISM, 03 CHAMPAGNE, 04 PINK, 05 APRICOT, 06 CANDY, 07 CORAL, 08 ROSE, 09 BERRY, 10 MAUVE, 11 PRALINE и 12 HAZELNUT.
Начин на употреба: нанесете го сјајот директно на усните со апликаторот.
Професионален совет: нанесете го сјајот малку надвор од контурите на природната контура на усните – на овој начин тие ќе изгледаат пообемно. Доколку сакате волумен и тродимензионален ефект, нанесете го сјајот така што ќе излезете малку надвор од контурата на усните само во нивниот централен дел. Сјајот можете да го ставите и врз омилениот кармин за да постигнете оригинална комбинација на бои.
Дополнителни информации
Нијанса | 01 CLEAR, 02 PRISM, 03 CHAMPAGNE, 04 PINK, 05 APRICOT, 06 CANDY, 07 CORAL, 08 ROSE, 09 BERRY, 10 MAUVE, 11 PRALINE, 12 HAZELNUT |
---|