Ќе се вљубите во богатата формула на новиот кармин Hypoallergenic Rich Mat. Уживајте во богата боја со долготраен ефект! Се нанесува рамномерно со леснотија, создавајќи прекрасен мат ефект со нежен слој.
Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.
Влезете во четвртата димензија со луксузната маскара на Bell Royal MAXXX 4D за максимален волумен!
Специјалната четка има влакненца со различен обем и големина кои создаваат разновиден ефект – волумен, должина, совршено ги одделуваат трепките, ги штитат од лепење! Специјални полимери во формулата ги подигнуваат и извиваат трепки. Постигнувате максимален 4Д ефект! Од секој агол на окото! Ова не е сè! Формулата, која содржи ориз, пчелин восок и восок од карнауба, како и маслиново масло, ги храни трепките кои се истенчени и оштетени од секојдневното користење на маскари. Витамин Е и провитамин Б5 имаат лековито дејство и стимулираат побрзо закрепнување. Алое вера ги обновува, храни и заштитува трепките од кинење и истенчување.
Долготрајната формула прави да не се распаѓа и размачкува маскарата и ви овозможува да уживате во волуменозните трепки и совршениот вид подолго отколку кога користите обична маскара.
Хипоалергична мат камена пудра за лице од Bell за одличен финиш на вашата шминка. Неговата формула содржи каолин, кој го апсорбира вишок на себум и спречува појава на непријатен сјај. Содржи и витамин Е кои има хидрантантни својства. Пудрата го матари лицето и му дава природен изглед. Kадифенатa текстура и дава мекост и нежност на кожата.
Палета хајлаитер. Палета за лице и тело со четири бои кои гарантираат различни ефекти на шминка. Прекрасно ги нагласува јаболчниците на лицето, веѓите, врвот на носот, јамата под носот, клучните коски, деколтето и многу повеќе. Идеално за стробинг (блескање). Обезбедува долготраен сјај, кожата изгледа помазно.