Саламандер „Универзал СМС“ спреј за висококвалитетна заштита од вода. Совршено ги заштитува сите видови на кожа, мазна, велур и нубук (груб велур), како и текстил од мокрење и валкање на тој начин што формира заштитен филм околу производот кој ефикасно ја одбива водата и разни нечистотии кога ке дојдат во контакт со материјалот. При тоа овозможува материјалот да дише. Ефикасно спречува формирање дамки од снег, вода и други течности и нечистотии кога ке паднат на производот. Најефикасен е кога редовна се употребува. Заштитата од влага трае до 15 дена. Не е погоден да се користи на лакирана кожа (како таква е заштитена од влага). Користење: спрејот секогаш котистете го на отворени и добро проветрени места! Пред употреба спрејот треба убаво да се протресе, потоа прскајте рамномерно на растојание од 20 см на чиста и сува површина, за таа цел прво со четка или крпа отстранете ги нечистотиите (прашина, кал). Почекајте да исуши 15 минути пред изложување на вода. Постапката по потреба може да се повтори, кога изложеноста на влага е голема.
Salamander Comfort Solette – кожна анатомска влошка, обезбедува добро вклопување на стопалото во чевелот и потпора на целата нога.
Функција: Го намалува и отстранува оптоварувањето на лигаментите и другите врски на стопалото при одење. Особено е пријатна влошката кога одите на тврда подлога или кога стоите подолго време. Погодна за профилакса и намалување на дискомфортот во случај на рамни стапала или стапала со рамен попречен свод. Горната страна на влошката е лесно нарамна (благ релеф) која има ефект на масирање и делува освежувачки на уморни нозе. Супинаторот има широка форма и е особено погоден за долги прошетки. Големини 36 до 46 број.
Погоден за сите видови чевли и материјали. Дава пријатна арома на чевелот. Практичен и иновативен двоен млазен систем благодарение на кој млазот достигнува до сите места на чевлите.
Употреба: се отклучува со вртење на дозаторот налево. Вметнете го дозерот за чевли со поголемиот отвор во насока на прстите. Внимание! Никогаш не го насочувајте дозерот отворен кон лицето.
Притиснете надолу и прскајте една секунда. После употреба заклучете со вртење на диспензерот надесно.
Функција: Висококвалитетна крем боја за чевли и производи од мазна кожа. Погоден за сите видови мазна кожа. Ја обновува бојата, ја храни, заштитува, ја одржува кожата мека и еластична, дава сјај, има водоотпорни својства. Примена: Кремот се нанесува рамномерно, се остава да се исуши и полира. Сунѓерот за нанесување може да се исчисти или замени.