Ќе се вљубите во богатата формула на новиот кармин Hypoallergenic Rich Mat. Уживајте во богата боја со долготраен ефект! Се нанесува рамномерно со леснотија, создавајќи прекрасен мат ефект со нежен слој.
Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.
Колекција на мат течни кармини дизајнирани во соработка со амбасадорката и заштитното лице на Bell HYPOAllergenic Marcelina Zawadzka (поранешна мис на Полска), која инспирирана од светските метрополи создаде сопствена линија на мат кармини од Bell HYPOAllergenic. Кармините се интензивно пигментирани со мат ефект, обезбедуваат долготрајно покритие без да ги суши усните, сето тоа во модерни бои кои ја истакнуваат природната убавина на усните. Колекцијата има 6 нијанси: 01 – Florence, 02 – Warsaw, 03 – Las Vegas, 04 – San Francisco, 05 – Berlin, 06 – Sydney.
Транспарентен филер, кој има оптички ефект на прикривање и ги прави невидливи суптилните брчки и недостатоци на лицето. Содржи микронски честици на талк, кој овозможува лесно нанесување на пудрата. Видливо ја измазнува кожата и ја прави свиленкасто мека на допир. Го апсорбира вишокот на себум од кожата, има мат ефект без “маска ефект” лицето.
Идеален молив за дефинирање и добивање на посакуваната форма на веѓите и постигнување природен изглед.
На капачето од моливот има мала четка со меки влакна за чешлање и обликување на веѓите.
Моливот овозможува да се нанесе боја на деловите од веѓите кои се со помалку влакненца.
Моливот е дрвен и се остри со острилка.
Молив за очи за прецизно нанесување и исцртување на очниот капак, особено погоден за чувствителни очи, луѓе кои носат очила и контактни леќи. Има долготраен ефект, без дамки и несакани траги и отпечатоци на очните капаци. Нежната формула овозможува лесно и рамномерно цртање на прецизна линија. Погоден и за горните и за долните очни капаци. Достапно во 6 бои. Автоматско моливче за кое не е потребно острење. Дерматолошки и офталмолошки тестирано.
Bell HYPOAllergenic навлажнувачко и регенерирачко еликсир масло за усни со масло од коноп.
Во оставот содржи масло од семе од коноп, јатки од кајсија и арганово масло кои хидрираат, ги храни, омекнува и измазнува усните. Има хидратантно и регенерирачко дејство.
Лесната текстура не се држи до усните и создава пријатно чувство. Специјалниот апликатор со тркалање ги масира и омекнува усните.
100% Веган. Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна и склона кон иритација на кожата.
Палетата содржи 8 високо заситени нијанси на сенки кои можат да се нанесат поединечно или да се комбинираат две или повеќе нијанси за да се постигнат безброј неверојатни изгледи – од обични секојдневни до зашеметувачки модерни визии. Мат сенките обезбедуваат длабочина, а сјајните даваат неверојатен блескав ефект. Сенките за време на апликацијата не се распаѓаат. За поинтензивна заситена боја, ставете од метални нијанси со влажен апликатор. Овозможуваат долготраен вид кој трае со часови. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погодни за луѓе со чувствителни очи и кои носат контактни леќи. Достапно во 2 бои.
Создадете уникатна, блескава, пастелна шминка со палетата HYPOALLERGENIC HIGHLIGHT & BLUSH! Овој сет од три прекрасни хајлајтери плус мат руменило ќе ја прави вашата кожа да изгледа свежа и сјајна. Нивната деликатна формула налик на пудра совршено се меша со кожата, оставајќи ја свилено глатка, без да ги истакнува сувите точки или пори. Нека неговата лесна примена стане дел од вашата дневна рутина, и шминкањето забава. Мат руменилото создава црвенило со природен изглед, а хајлајтерите го прават вашиот изглед поромантичен. Комбинирајте ги нијансите за да ја добиете најпосакуваната сенка на вашето лице. Овој комплет е совршен за сјајно контурирање и гарантира долготрајна шминка. Тестирано под надзор на дерматолог. Погоден за лица со чувствителна или склона кон иритација кожа.
Моливче богато со боја и ултра-тенoк врв прецизно ги оцртува веѓите и видливо ги згуснува. Меката и нежна текстура овозможува лесно да се нанесува. Автоматско моливче за кое не е потребно острење.
Дерматолошки тестирано. Погоден за чувствителни очи и кожа, како и за луѓе склони кон алергии.
Практичната форма на стикот овозможува лесна и прецизна примена и нанесување. Совршено ги обликува веѓите, ги истакнува и им дава природен изглед. Водоотпорна фотмула, има долготраен ефект во текот на целиот ден. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителни очи, за носење контактни леќи и очила.
База за сенки со кремаста формула која ја зголемува издржливоста на сенката и ја подобрува и засилува нејзината нијанса. Лесно се применува.
Го изедначува тенот на кожата и создава нежен сјај. Содржаните микро минерали на кремастата формула и даваат свилена мекост.
Не содржи мириси. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна кожа и склони кон алергии.
Фиксирачка пудра во прав погодна за сите типови и нијанси на кожа. Ја продолжува издржливоста на шминката и има измазнувчки ефект. Создава тенок невидлив слој-филм, кој не ја менува бојата на веќе нанесената шминка и затоа совршено може да се комбинира со сите производи за шминкање на лицето, пудри течни или камени, коректори, хајлајтери, руменило и др. Со користење на овој производ гарантирано се зголемува издржливоста на тие производи за шминкање на лицето.
Хајлајтер и бронзер во комплет, дизајниран од амбасадорот и заштитно лице на Bell Hypoallergenic Марселина Завацкаја (поранешна мис на Полска). Овој комплет е сè што ви треба за да го контурирате лицето! Палетата има три совршено усогласени нијанси на хајлајтери, и еден универзален контурирачки бронзер. Овој комплет ќе ви помагне да создадете различни типови на шминка – од секојдневна до истакнат ефект “sun-kissed”. Бисерните пигменти во составот ја прават вашата кожа сјајна и елегантно истакната, а нејзината кадифена формула ја олеснува апликацијата, создавајки идеално измазнета шминка без нагласени суви точки. Производот гарантира долготрајна шминка која останува постојана со часови. Погоден за луѓе со чувствителна или склона кон иритација кожа.
Неговата исклучително црна и водоотпорна формула овозможува голема покриеност веќе при првата апликација. Тенкиот и флексибилен врв ви овозможува да цртате прецизни линии, дебели или тенки. Исцртаната линија не се пренесува на очните капаци и е постојана – не исчезнува во текот на денот. Дерматолошки тестирано.
Компактна и универзална палета која што содржи два хајлајтери, суптилно руменило и бронзер. GOLDEN VIBES и PINK DIAMOND хајлајтерите ви даваат интензивна завршница како огледало, не дозволуваат да се истакнат недостатоците на кожата на лицето и ја прават кожата да изгледа помазна. Руменилото LOVELY CHEEKS ви дава изглед на сјајна и здрава кожа. Бронзерот SCULPTING MASTER има совршена нијанса за контурирање и оптичко слабеење на лицето. Уникатната формула на производите обезбедува рамномерна и лесна апликација без дамки, додека интензивната пигментација овозможува долготрајна шминка.
Интензивна црна линија од првата апликација. Долготрајна и водоотпорна формула која не дозволува размачкување на очниот капак во текот на денот. Специјалниот апликатор обезбедува создавање перфектни линии – од прецизни тенки до подебели и повидливи. Дерматолошки тестирано.