SALAMANDER

Filters
Done
  • 335.00 ден

    Проѕирни гел перничиња наменети за женски чевли на високи потпетици. Имаат за цел да го спречат лизгање на стапалото, и значително го намалуваат товарот на предниот дел на стапалото. Ефикасно го отстранува чувството на замор, печење и тежина во нозете, што се случува при долго пешачење или стоење на штикли. Во штиклата се невидливи, лесно се чистат со вода и се дизајнирани за повеќекратна употреба. Лепливата страна безбедно ги фиксира во чевлите во делот на петата. (види на сликата на амбалажата)

  • 650.00 ден

    Salamander Lady Comfort – Удобност и благосостојба.
    Функција: Полувлошка за отворени и затворени модели на женски чевли на високи потпетици. Горниот слој – растителна штавена кожа, долниот слој – латекс. Овозможува одржување на попречниот свод на стапалото, го намалува оптоваруварето на зглобовите. Висококвалитетниот латекс ја задржува својата стабилна форма и останува еластичен дури и по подолго користење. Долната страна е самолеплива и така се фиксира во чевевот. Големини 36 до 42 број.

  • 406.00 ден

    Висококвалитетен производ балсам со алое вера за чистење и одржување на сите видови мазна кожа. Ефикасно чисти, подхранува и ги одржува сите изработки од мазна кожа: чевли, облека, мебел, чанти, автомобилски седишта и многу повеќе. Балсамот се нанесува со чиста и мека крпа на кожниот производ, се остава да се исуши и полира.

  • Out of Stock
    313.00 ден

    Функција: Средство за обновување на бојата на кожата. Продира длабоко во кожата и ја освежува бојата. Високо квалитетни состојки ја штитат и ја хранат кожата. За производи од мазна кожа. Има својства на отфрлање на вода. Не се користи за велур. Држете го спрејот исправено, прскајте од растојание од околу 20 см на чиста и сува површина. Пред употреба, покријте го ѓонот од чевелот (ако нее црна боја) и внатрешноста на чевлите. Бидете внимателни, производот да не падне врз околните предмети. Достапен само во црна боја.

  • 277.00 ден

    Пријатната мека површина на влошките Salamander Little kitten изработена од специјален латекс спречува лизгање на стапалото во чевлите и го омекнува секој чекор. Се поставуваат во предниот дел на чевелот (штиклата).
    Го штити стапалото од оптоварување во метатарзусот (средниот дел на стапалото) и петата. Порозната површина на влошката совршено ја апсорбира влагата, антибактериските својства спречуваат појава на непријатен мирис.
    За елегантно и безболно одење. Универзална големина.

  • 175.00 ден

    Трослојна детска влошка за сите сезони. Горниот слој (1) е 100% памучен материјал, отпорен на триење. Средниот слој (2) е пеноматеријал (пропустлив) која содржи чист активен јаглен, кој спречува формирање на мириси во чевелот. Долниот слој (3) е латекс пена. Влошката има пријатна и свежа арома, совршено ја апсорбира влагата и ги одржува нозете суви. Хигиенска влошка – идеална за употреба и во лето на боса нога. Перфорираниот жлеб на долниот слој од латекс пена обезбедува добра циркулација на воздухот во чевелот. Може да се пере рачно на температура до 30°С. Fun & Fresh влошката се става во чевелот со текстилната страна нагоре.

  • 139.00 ден

    Зимска детска влошка која има тројно дејство. Горниот слој (1) е 100% волна и ги загрева стапалата и создава чувство на удобност. Средниот слој (2) е мека пена која го намалува товарот. Третиот долниот слој (3) е алуминиумската фолија која штити од студ и влага, и не дозволува да лизга и изместува влошката во чевелот. Се поставува со волнената страна нагоре.

  • Out of Stock
    250.00 ден

    Тврда гума која ги отстранува-брише тешко отстранливите дамките од чевли и др. изработки од велур кожа.
    Дамката прво се брише со гумата за бришење, а потоа местото се третира со четка за велур на Саламандер.

    https://www.youtube.com/watch?v=9gV9HRSu-J0

  • 337.00 ден

    Висококвалитетна боја за сите видови велур и нубук (груб велур). Ја освежува бојата и ја храни кожата. Погоден за сите видови кожа од велур и нубук (груб велур), може да се користи и на текстил. Спрејот се држи вертикално, се прска рамномерно од растојание од околу 20 см, на исчистената и сува површина. Пред користење задолжително заштитете ги ѓонот и др. делови од чевелот кои се во друга боја од спрејот, за да не дојде до обојување во друга боја. Спрејот користете го периодично.

  • 100.00 ден

    Сунѓерче за брзо чистење на производи од велур и нубук (груб велур).

  • 172.00 ден

    Nubuk Velour sponge (Nubuk Fresh) мек сунѓер за чистење на велур кожа и нубук.

    [embed]https://www.youtube.com/watch?v=PoJAZ2_gGj8[/embed]
  • 241.00 ден

    Средство за одржување на сите видови велур и нубук (груб велур). Интензивно ја освежува бојата, штити од влага и ги храни нубукот и велурот. Зачувани се нивните својствата.
    Протресете го пред употреба. Притиснете го сунѓерчето кратко на површината и рамномерно нанесете го производот. Оставете да се исуши, а потоа третирајте со четка или сунѓер Salamander Velour sponge.

    [embed]https://www.youtube.com/watch?v=KerIDJW-9qI[/embed]
  • 157.00 ден

    Влошка за сите сезони против формирање непријатен мирис во чевлите.Чистиот активен јаглен ефикасно спречува формирање на мириси.
    Горниот слој – 100% памук (1), долниот слој – пена со чист јаглен (2). Памучната ткаенина ја апсорбира влагата на стопалото, а благодарение на перфорацијата обезбедува добра циркулација на воздухот во обувките.Се ставаат во чевлите со ткаенина нагоре.

  • 117.00 ден

    Salamander Perfect – мека полувлошка изработена од пријатна за кожата вискоза поставена врз висококвалитетна чиста латекс пена. Обезбедува поддршка на предниот дел на стапалото и го заштитува од набивање. Перфект полувлошките се особено погодни за чевли со високи потпетици, како и за попoлнување на меѓу број. Големини 33/34, 35/36, 37/38, 39/40, 41/42.

  • Out of Stock
    326.00 ден

    Погоден за сите видови чевли и материјали. Дава пријатна арома на чевелот. Практичен и иновативен двоен млазен систем благодарение на кој млазот достигнува до сите места на чевлите.
    Употреба: се отклучува со вртење на дозаторот налево. Вметнете го дозерот за чевли со поголемиот отвор во насока на прстите. Внимание! Никогаш не го насочувајте дозерот отворен кон лицето.
    Притиснете надолу и прскајте една секунда. После употреба заклучете со вртење на диспензерот надесно.

  • 87.00 ден222.00 ден

    Сунѓерче за моментален сјај на чевли и др. производи од мазна кожа. Се предлага како безбојно-019 и црно-018.