Archive for Term: Одржување и заштита

  • MAGIC CLEANER средство за чистење на бели и светли ѓонови на патики и чевли - 100мл
    590,00 ден.

    Иновативен производ, наменет за темелно чистење на белиот и светол ѓон на сите видови на патики и чевли. Самиот ѓон на патиката или чевелот е највидливиот дел на патиката кој дава слика за целекупниот надворешен изглед на патиката. Magic Cleaner се користи за сите видови на патики и чевли кои имаат мек бел или светол ѓон. Magic Cleaner е иновативен производ дизајниран за темелно чистење на бели и светли ѓонови на патики и чевли. Производот доага заедно со сунѓер со кој се чисти ѓонот на патиката. Погледнете го видеото за овој маѓичен производ. [embed]https://youtu.be/suLs2n8WWUU[/embed]

  • Salamander Combi Care средство спреј за одржување на сите комбинации на материјали и бои - 300мл
    306,00 ден.

    Нова формула за ефикасна заштита од влага и нечистотија! Combi Care спрејот на Salamander е специјално средство-спреј за одржување на чевли, и др. изработки од сите комбинации на бои и материјали: мазна, лакирана, велур, нубук (груб велур) кожа, како и за текстил и синтетички материјали. Ја заштитува, одржува, храни и зачувува бојата на производот. Средството е безбојно. Начин на употреба: Се прска од растојание од 15-20 см на чиста и сува површина. Лакирана кожа и кожа од типот "браш" (вид на мека мазна кожа) веднаш се полираат. Обичната мазната кожа се остава да се исуши и потоа се полира. Велур кожата најдобро е прво да се разреси со четка за велур и нубук на Salamander.

  • Salamander Combi Cleaner пена за чистење на сите видови на кожа и текстил - 200ml
    335,00 ден.

    Функција: Лесно ги чисти валканите места, ги отстранува дамките од снег и сол. Заштитува од влага. Се користи за сите производи изработени од мазна кожа, велур, нубук (груб велур), природен текстил и синтетика и секаква комбинација на материјали. Производот е погоден и за чевли со климатски мембрани. Во лето, влошките на сандали и отворени чевли се чистат со оваа пена Combi Cleaner. Начин на употреба: Проверете ја отпорноста на обоениот материјал однапред на незабележително место. Енергично протресете ја боцата пред употреба, држете ја исправена, нанесете ја пената на сунѓер или мека крпа. Лесно избришете ја површината на производот. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=GP-K9EaP01w[/embed]

  • Salamander Dubbin - маст за нега на спортски и планинарски чевли од мазна кожа - 100мл
    226,00 ден. 203,00 ден.

    Средство-маст за импрегнација т.е заштита од влага и општо одржување на спортски, обувки за пешачење, работни обувки и др. обувки изработени од мазна кожа. Безбојна. Нанесете рамномерно на чиста и сува површина, оставете да се апсорбира и полира.

  • Salamander Leather Balsam производ за одржување на производи од мазна кожа - 150мл
    342,00 ден. 290,00 ден.

    Висококвалитетен производ балсам со алое вера за чистење и одржување на сите видови мазна кожа. Ефикасно чисти, подхранува и ги одржува сите изработки од мазна кожа: чевли, облека, мебел, чанти, автомобилски седишта и многу повеќе. Балсамот се нанесува со чиста и мека крпа на кожниот производ, се остава да се исуши и полира.

  • Salamander Leather Fresh спреј течна боја за мазна кожа - 250мл
    290,00 ден. 245,00 ден.

    Функција: Средство за обновување на бојата на кожата. Продира длабоко во кожата и ја освежува бојата. Високо квалитетни состојки ја штитат и ја хранат кожата. За производи од мазна кожа. Има својства на отфрлање на вода. Не се користи за велур. Држете го спрејот исправено, прскајте од растојание од околу 20 см на чиста и сува површина. Пред употреба, покријте го ѓонот од чевелот (ако нее црна боја) и внатрешноста на чевлите. Бидете внимателни, производот да не падне врз околните предмети. Достапен само во црна боја.

  • Salamander Nubuck Velours Fresh спреј боја за велур и нубук - 250мл
    284,00 ден. 255,00 ден.

    Висококвалитетна боја за сите видови велур и нубук (груб велур). Ја освежува бојата и ја храни кожата. Погоден за сите видови кожа од велур и нубук (груб велур), може да се користи и на текстил. Спрејот се држи вертикално, се прска рамномерно од растојание од околу 20 см, на исчистената и сува површина. Пред користење задолжително заштитете ги ѓонот и др. делови од чевелот кои се во друга боја од спрејот, за да не дојде до обојување во друга боја. Спрејот користете го периодично.

  • Salamander Nubuk Velours Течна крем-боja за велур и нубук - 75мл
    203,00 ден.

    Средство за одржување на сите видови велур и нубук. Интензивно ја освежува бојата, штити од влага и ги храни нубукот и велурот. Зачувани се својствата на велур и нубук. Протресете го пред употреба. Притиснете ја габата кратко на кожата и рамномерно нанесете го производот. Оставете да се исуши, а потоа третирајте со четка или сунѓер Саламандер Нубук Свеж. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=KerIDJW-9qI[/embed]

  • Salamander Shoe Deo део спреј за чевли - 100мл
    275,00 ден.

    Погоден за сите видови чевли и материјали. Дава пријатна арома на чевелот. Практичен и иновативен двоен млазен систем благодарение на кој млазот достигнува до сите места на чевлите. Употреба: се отклучува со вртење на дозаторот налево. Вметнете го дозерот за чевли со поголемиот отвор во насока на прстите. Внимание! Никогаш не го насочувајте дозерот отворен кон лицето. Притиснете надолу и прскајте една секунда. После употреба заклучете со вртење на диспензерот надесно.

  • Salamander Shoe Stretch средство за растегнување на чевли од мазна кожа - спреј 75мл
    233,00 ден.

    Функција: Средството ја омекнува и проширува мазната кожата, на тој начин го отстранува местото кое затега во чевелот. Не остава траги на чевелот. Пред употреба, спрејот треба добро да се протресе, потоа се испрска од растојание од 10 см однадвор и одвнатре на чевелот, на оние места каде се осека затегнување. Потоа треба веднаш да се облечете чевлите.

  • Salamander Universal SMS - спреј за заштита од вода 300мл
    284,00 ден.

    Саламандер „Универзал СМС“ спреј за висококвалитетна заштита од вода. Совршено ги заштитува сите видови на кожа, мазна, велур и нубук (груб велур), како и текстил од мокрење и валкање на тој начин што формира заштитен филм околу производот кој ефикасно ја одбива водата и разни нечистотии кога ке дојдат во контакт со материјалот. При тоа овозможува материјалот да дише. Ефикасно спречува формирање дамки од снег, вода и други течности и нечистотии кога ке паднат на производот. Најефикасен е кога редовна се употребува. Заштитата од влага трае до 15 дена. Не е погоден да се користи на лакирана кожа (како таква е заштитена од влага). Користење: спрејот секогаш котистете го на отворени и добро проветрени места! Пред употреба спрејот треба убаво да се протресе, потоа прскајте рамномерно на растојание од 20 см на чиста и сува површина, за таа цел прво со четка или крпа отстранете ги нечистотиите (прашина, кал). Почекајте да исуши 15 минути пред изложување на вода. Постапката по потреба може да се повтори, кога изложеноста на влага е голема. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=tbePOk8fJTs[/embed]

  • Salamander Wetter Schutz крем боја за чевли - туба 75мл
    192,00 ден.

    Функција: Висококвалитетна крем боја за чевли и производи од мазна кожа. Погоден за сите видови мазна кожа. Ја обновува бојата, ја храни, заштитува, ја одржува кожата мека и еластична, дава сјај, има водоотпорни својства. Примена: Кремот се нанесува рамномерно, се остава да се исуши и полира. Сунѓерот за нанесување може да се исчисти или замени. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=M7YfafXfHd4[/embed]