BB кремот на Bell Hypoallergenic комбинира нежна нега и висока заштита се со цел да ја одржи кожата здрава, хидрирана и заштитена од сонцето. Неговата лесна текстура обезбедува интензивна и долготрајна покривност, додека ја хидрира кожата и ја штити од штетните ефекти на UVA и UVB зраците, благодарение на високиот SPF 50 филтер.
Формулата е збогатена со 76% состојки од природно потекло* како што се хијалуронска киселина, алое вера, глицерин, смола од дрво Shorea Robusta и витамин Е. Алое верата ја смирува и ја храни кожата, ги ублажува иритациите и помага во задржувањето на влагата, додека глицеринот привлекува вода кон кожата и ја омекнува, подобрувајќи ја нејзината еластичност. Додадената смола од дрво Shorea Robusta помага во зајакнувањето на заштитната бариера на кожата. Хијалуронската киселина интензивно ја хидрира и ја исполнува кожата, давајќи ѝ свеж и мазен изглед. Витаминот Е, како моќен антиоксиданс, ги штити клетките од оксидативен стрес и ја поддржува природната регенерација на кожата.
Достапно во 4 нијанси:
Nude 01
Natural 02
Amber 03
Cappucino 04
Формулата е веган, дерматолошки тестирана и одобено погодна за чувствителна кожа.
* Потеклото на состојките е гарантирано од производителот.











