Description
BIO:VÉGANE има нова страст: БИО КОНОП! Маслото од коноп се вади (екстрахира) од семето на растението и има многудетно и смирувачко дејство. Серијата БИО КОНОП ги штити сите типови на кожа од „стрес на кожата“, што може да произлезат од штетните ефекти на животната средина и во отсуство на хидратација. Создава целокупно чувство на опуштена кожа. Не грижете се: единствената вртоглавица ќе биде од прекрасниот изглед!
ОД ПОСЕБНА КУЛТУРА ДО ИКОНСКО РАСТЕНИE
Canabis Sativa (индустриски коноп) е античко растение кое одиграло одлучувачка и различна улога во многу развиени култури. Во Кина и Персија се собира од 12 илјади. години како жито. 100 години пред Христа до втората половина на 19 век, коноп е најчесто засеаната култура. Маслото од коноп се извлекува од семето на ова мултифункционално растение. Љубителите на коноп-от можат да бидат мирни: семето содржи само траги на тетрахидроканабинол (THC). Состојката со психотропното дејство се наоѓа во јадрото на растението.
ИМА ЛИ ЕФЕКТ?
Серијата БИО КОНОП ја смирува и балансира кожата под стрес со суперхрана – органско масло од семе коноп и други природни високо квалитетни состојки.
АКТИВНИ СОСТОЈКИ
Масло од семе на БИО КОНОП
ладно цедено потхранувачко „чудо“ со „сув ефект“ – брзо се апсорбира без да остава мрсен слој. Содржи гама-линоленски киселини кои се врзуваат за водата, и така го поттикнуваат обновувањето на клетките и ја стимулираат регенерацијата на оштетената “кожа под стрес”. Богата со омега-3 и омега-6 масни киселини, кои ја зајакнуваат природната заштитна бариера на кожата. Висока концентрација на антиоксиданти и фитостероли во него ја штити кожата и ги намалува трагите од предвремено стареење. Маслото од семе од коноп содржи витамини и минерали Е, Б1, Б2, калиум, манган, калциум, железо, фосфор, натриум и цинк.
Алое вера
има хидрантно и смирувачко дејство.
Бадемово масло
се состои главно од олеински и линолеински киселини (омега-6-FS), кои ја прават кожата мека и еластична.
Масло од Јојоба
растителен течен восок кој ја храни, штити и измазнува кожата.
Анти-стрес комплекс
го храни, го зајакнува заштитниот слој на кожата и го смирува воспалението.