Description
Маникир кои трае и до 10 дена!
Да, со лакот за нокти Manhattan Last & Shine Nail Polish ќе го постигнете токму тоа! „Last & Shine“ има иновативна патентирана формула, обезбедувајќи постојаност на бојата и траен сјај. Благодарение на својата сензационална издржливост, лакот за нокти издржува удари и секојдневни негативни влијанија кои доаѓаат од околината. Тој не се оштетува долго време, благодарение на употребената специјална технологија и затоа 10* дена ќе имате прекраен маникир со свеж сјај. Конзистентноста на лакот е густа, со интензивна боја и брзо сушење. „Last & Shine“ се нанесува лесно и прецизно, благодарение на специјалната Fast & Easy четка.
Карактеристики на Last & Shine Nail Polish:
– обезбедува безпрекорен маникир и педикир
– брзо сушење и долготрајна формула
– интензивна боја и брилијантен сјај
– обезбедува нега и раст на ноктите
– специјална четка за лесно нанесување
– модерни бои со различни ефекти – мат, бисерни и со светли честички
– тестиран производ
* Патентираната формула обезбедува долготрајна боја без пукање, отпорност, висок сјај и спречува лупење до 10 дена. Гарантирано од Manhattan
Начин на употреба:
Добро исчистете ги ноктите со отстранувач на лак за нокти. Обликувајте ги ноктите во саканата форма. Протресете го стакленото шишенце со лакот. Нанесете прв слој од лакот, почекајте 1 минута и повторете со вториот слој.
За повеќе сјај и издржливост, користете лак за сјај..