Саламандер „Универзал СМС“ спреј за висококвалитетна заштита од вода. Совршено ги заштитува сите видови на кожа, мазна, велур и нубук (груб велур), како и текстил од мокрење и валкање на тој начин што формира заштитен филм околу производот кој ефикасно ја одбива водата и разни нечистотии кога ке дојдат во контакт со материјалот. При тоа овозможува материјалот да дише. Ефикасно спречува формирање дамки од снег, вода и други течности и нечистотии кога ке паднат на производот. Најефикасен е кога редовна се употребува. Заштитата од влага трае до 15 дена. Не е погоден да се користи на лакирана кожа (како таква е заштитена од влага). Користење: спрејот секогаш котистете го на отворени и добро проветрени места! Пред употреба спрејот треба убаво да се протресе, потоа прскајте рамномерно на растојание од 20 см на чиста и сува површина, за таа цел прво со четка или крпа отстранете ги нечистотиите (прашина, кал). Почекајте да исуши 15 минути пред изложување на вода. Постапката по потреба може да се повтори, кога изложеноста на влага е голема.
Нова формула за ефикасна заштита од влага и нечистотија!
Combi Care спрејот на Salamander е специјално средство-спреј за одржување на чевли, и др. изработки од сите комбинации на бои и материјали: мазна, лакирана, велур, нубук (груб велур) кожа, како и за текстил и синтетички материјали. Ја заштитува, одржува, храни и зачувува бојата на производот. Средството е безбојно.
Начин на употреба: Се прска од растојание од 15-20 см на чиста и сува површина. Лакирана кожа и кожа од типот “браш” (вид на мека мазна кожа) веднаш се полираат. Обичната мазната кожа се остава да се исуши и потоа се полира. Велур кожата најдобро е прво да се разреси со четка за велур и нубук на Salamander.