Влошки за студени есенски и зимски денови. Трослојна високо квалитетна зимска влошка: горен слој (1) – мек материјал од 100% волна кој ја регулира температурата во чевлите, го задржува стапалото топло и суво, среден слој (2) – латекс пена со активен јаглен кој ја задржува влагата во чевлите, и долен слој (3) – алуминиумска фолија која го заштитува стапалото од влага и ладно, исто така и од лизѓање.
Повеќеслојна зимска влошка која има тројно дејство. Горниот слој (1) е 100% волна и ги загрева стапалата и создава чувство на удобност. Средниот слој (2) е мека пена која го намалува товарот. Третиот долниот слој (3) е алуминиумската фолија која штити од студ и влага, и не дозволува да лизга и изместува влошката во чевелот.
Нова формула за ефикасна заштита од влага и нечистотија!
Combi Care спрејот на Salamander е специјално средство-спреј за одржување на чевли, и др. изработки од сите комбинации на бои и материјали: мазна, лакирана, велур, нубук (груб велур) кожа, како и за текстил и синтетички материјали. Ја заштитува, одржува, храни и зачувува бојата на производот. Средството е безбојно.
Начин на употреба: Се прска од растојание од 15-20 см на чиста и сува површина. Лакирана кожа и кожа од типот “браш” (вид на мека мазна кожа) веднаш се полираат. Обичната мазната кожа се остава да се исуши и потоа се полира. Велур кожата најдобро е прво да се разреси со четка за велур и нубук на Salamander.
Функција: Лесно ги чисти валканите места, ги отстранува дамките од снег и сол. Заштитува од влага. Се користи за сите производи изработени од мазна кожа, велур, нубук (груб велур), природен текстил и синтетика и секаква комбинација на материјали. Производот е погоден и за чевли со климатски мембрани. Во лето, влошките на сандали и отворени чевли се чистат со оваа пена Combi Cleaner.
Начин на употреба: Проверете ја отпорноста на обоениот материјал однапред на незабележително место. Енергично протресете ја боцата пред употреба, држете ја исправена, нанесете ја пената на сунѓер или мека крпа.
Лесно избришете ја површината на производот.