Трослојна детска влошка за сите сезони. Горниот слој (1) е 100% памучен материјал, отпорен на триење. Средниот слој (2) е пеноматеријал (пропустлив) која содржи чист активен јаглен, кој спречува формирање на мириси во чевелот. Долниот слој (3) е латекс пена. Влошката има пријатна и свежа арома, совршено ја апсорбира влагата и ги одржува нозете суви. Хигиенска влошка – идеална за употреба и во лето на боса нога. Перфорираниот жлеб на долниот слој од латекс пена обезбедува добра циркулација на воздухот во чевелот. Може да се пере рачно на температура до 30°С. Fun & Fresh влошката се става во чевелот со текстилната страна нагоре.
Зимска детска влошка која има тројно дејство. Горниот слој (1) е 100% волна и ги загрева стапалата и создава чувство на удобност. Средниот слој (2) е мека пена која го намалува товарот. Третиот долниот слој (3) е алуминиумската фолија која штити од студ и влага, и не дозволува да лизга и изместува влошката во чевелот. Се поставува со волнената страна нагоре.
Тврда гума која ги отстранува-брише тешко отстранливите дамките од чевли и др. изработки од велур кожа.
Дамката прво се брише со гумата за бришење, а потоа местото се третира со четка за велур на Саламандер.
Висококвалитетна боја за сите видови велур и нубук (груб велур). Ја освежува бојата и ја храни кожата. Погоден за сите видови кожа од велур и нубук (груб велур), може да се користи и на текстил. Спрејот се држи вертикално, се прска рамномерно од растојание од околу 20 см, на исчистената и сува површина. Пред користење задолжително заштитете ги ѓонот и др. делови од чевелот кои се во друга боја од спрејот, за да не дојде до обојување во друга боја. Спрејот користете го периодично.
Средство за одржување на сите видови велур и нубук (груб велур). Интензивно ја освежува бојата, штити од влага и ги храни нубукот и велурот. Зачувани се нивните својствата.
Протресете го пред употреба. Притиснете го сунѓерчето кратко на површината и рамномерно нанесете го производот. Оставете да се исуши, а потоа третирајте со четка или сунѓер Salamander Velour sponge.
Влошка за сите сезони против формирање непријатен мирис во чевлите.Чистиот активен јаглен ефикасно спречува формирање на мириси.
Горниот слој – 100% памук (1), долниот слој – пена со чист јаглен (2). Памучната ткаенина ја апсорбира влагата на стопалото, а благодарение на перфорацијата обезбедува добра циркулација на воздухот во обувките.Се ставаат во чевлите со ткаенина нагоре.
Salamander Perfect – мека полувлошка изработена од пријатна за кожата вискоза поставена врз висококвалитетна чиста латекс пена. Обезбедува поддршка на предниот дел на стапалото и го заштитува од набивање. Перфект полувлошките се особено погодни за чевли со високи потпетици, како и за попoлнување на меѓу број. Големини 33/34, 35/36, 37/38, 39/40, 41/42.
Погоден за сите видови чевли и материјали. Дава пријатна арома на чевелот. Практичен и иновативен двоен млазен систем благодарение на кој млазот достигнува до сите места на чевлите.
Употреба: се отклучува со вртење на дозаторот налево. Вметнете го дозерот за чевли со поголемиот отвор во насока на прстите. Внимание! Никогаш не го насочувајте дозерот отворен кон лицето.
Притиснете надолу и прскајте една секунда. После употреба заклучете со вртење на диспензерот надесно.
Функција: Средството ја омекнува и проширува мазната кожата, на тој начин го отстранува местото кое затега во чевелот. Не остава траги на чевелот и чорапите. Безбоен.
Пред употреба, спрејот треба добро да се протресе, потоа се испрска од растојание од 10 см однадвор и одвнатре на чевелот, на оние места каде се осека затегнување.
Потоа треба веднаш да се ги облечете чевлите.
Зимска влошка за студени зимски денови. Двослојна влошка. Горниот слој е природна волна (1), долниот слој-основата е од латекс пена (2). Влошката ги одржува вашите нозе топли и суви во студените денови.
Двострано изолирана влошка изработена од филц отпорен на триење, зимска влошка која создава пријатна топлина на стапалата.
Може да се користи за сите видови обувки со мембранска ткаенина, како што се Sympatex, Gore-Tex, итн. Функционалноста на овие материјали не е нарушена.
Саламандер „Универзал СМС“ спреј за висококвалитетна заштита од вода. Совршено ги заштитува сите видови на кожа, мазна, велур и нубук (груб велур), како и текстил од мокрење и валкање на тој начин што формира заштитен филм околу производот кој ефикасно ја одбива водата и разни нечистотии кога ке дојдат во контакт со материјалот. При тоа овозможува материјалот да дише. Ефикасно спречува формирање дамки од снег, вода и други течности и нечистотии кога ке паднат на производот. Најефикасен е кога редовна се употребува. Заштитата од влага трае до 15 дена. Не е погоден да се користи на лакирана кожа (како таква е заштитена од влага). Користење: спрејот секогаш котистете го на отворени и добро проветрени места! Пред употреба спрејот треба убаво да се протресе, потоа прскајте рамномерно на растојание од 20 см на чиста и сува површина, за таа цел прво со четка или крпа отстранете ги нечистотиите (прашина, кал). Почекајте да исуши 15 минути пред изложување на вода. Постапката по потреба може да се повтори, кога изложеноста на влага е голема.
Функција: Висококвалитетна крем боја за чевли и производи од мазна кожа. Погоден за сите видови мазна кожа. Ја обновува бојата, ја храни, заштитува, ја одржува кожата мека и еластична, дава сјај, има водоотпорни својства. Примена: Кремот се нанесува рамномерно, се остава да се исуши и полира. Сунѓерот за нанесување може да се исчисти или замени.