324 Products

Filters
  • alkmene MY Tea Tree Шампон против првут 200мл -20% Off
    Original price was: 420.00 ден.Current price is: 336.00 ден.

    Високо ефикасната формула со уникатна комбинација на масло од чајно дрво и пироктон оламин која го ублажува чешањето, значително го намалува првутот и спречува појава на нов.
    Смирува и ефикасно се бори против сув, иритиран скалп. За мека коса и здрав скалп. Дерматолошки тестиран производ.
    Забелешка: потребна е долготрајна употреба за да може шампонот целосно да делува и да ја врати природната рамнотежа на скалпот.
    Производител: Mann & Schröder GmbH, Германија

  • Bama Cleaning Gum - гума за велур кожа Out of Stock
    341.00 ден

    Оваа гума е ефикасен начин за безбедно чистење на обувки и други кожни производи од велур кожа или нубук(груб велур). Ги отстранува нечистотијата и помалите гребнатини на кошата.
    Како да се користи:
    Препорака е пред употреба на гумата да ја тестирајте на скриено (незабележливо) место.
    Пред употреба на гумата прво со четка за велур и нубук, од површината на кожата отстранете ја прашината и погрубата нечистотија (земја, кал, песок). Потоа со гумата нежно тријте ја површина додека не се постигне посакуваниот ефект. На крај, поминете ја површината на кожата во една насока со четка за велур и нубук.

  • Bama Deo влошка на сечење 36-46
    287.00 ден

    Влошките Bama Deo се погодни за сите видови обувки. Изработени се од латекс пена, што овозможува поголема удобност и мекост при одење и имаат антибактериска активна супстанца што спречува формирање на бактерии и ги неутрализира непријатните мириси. Влошките имаат перфорации за добра циркулација на воздухот и може да се исечат на посакуваната големина.

  • Bama Hil Grip полувлошка за пета
    160.00 ден

    Полувлошката Hil Grip на Bama за заштита на петата помага да се апсорбираат вибрациите и триењето помеѓу петата и чевелот. Изработена е од висококвалитетна природна велур кожа и латекс пена. Се применуваат на секаков вид чевли (отворени, затворени, машки, женски). Една големина.

  • BAMA Power Cleaner активна пена за чистење на производи од мазна кожа - 200мл
    463.00 ден

    BAMA’s Power Cleaner е активна пена за чистење  на производи од мазна кожа: обувки, чанти, јакни и др. облека од мазна кожа. Благодарение на својата специјална формула, ефикасно ги отстранува нечистотијата и дамките, а воедно ги заштитува површините од повторно валкање. Производот е безбеден за сите бои и материјали, не ја оштетува нивната структура и не го блокира движењето на влагата, што го прави идеален за предмети што дишат. Тоа е разновиден производ кој ќе ги одржи вашите омилени предмети свежи и заштитени.

  • Bama Quick Cleaning - сунѓер за велур кожа
    254.00 ден

    Груб сунѓер за брзо чистење и отстранување на дамки и нечистотија од велур кожа и нубук (груб велур). Помага да “оживее” изгледот на велур кожата.
    Овој практичен сунѓер е дизајниран лесно да отстранува нечистотија и дамки од велур кожа без потреба на вода или средства за чистење.
    Се користи за сите производи од велур кожа во сите бои (чевли, патики, ташни и др.)

  • Bama Quick Shine сунѓер за сјај - црна боја
    275.00 ден

    Совршено решение кога времето е кратко. Сунѓерот Quick Shine им дава на чевлите изработени од мазна кожа во црна боја совршен сјај со еден потег. Чевлите ќе бидат освежени за неколку секунди. Решение што треба да го имате при рака во вашата чанта или автомобил. Препорака: не го користете како единствен начин за нега.

     

  • Bama Quick Shine сунѓер за сјај безбоен
    202.00 ден

    Совршено решение кога времето е кратко. Сунѓерот Quick Shine им дава на чевлите изработени од зрнеста кожа совршен сјај со еден потег. Чевлите ќе бидат освежени за неколку секунди. Решение што треба да го имате при рака во вашата чанта или автомобил. Препорака: не го користете како единствен начин за нега.

     

  • Bama Shoe Deo спреј за мирис 100мл
    375.00 ден

    Bama Shoe Deo е совршен производ за секој што се грижи за хигиената на своите обувки. Освежувачот има едноставна и интуитивна двострана млазница, што го олеснува нанесувањето. Откако ќе се испрска, дезодорансот ја одржува внатрешноста на обувката свежа долго време.

    Дезодорансот Shoe Deo има пријатен мирис и помага обувките да останат со свеж мирис дури и по цел ден носење. Производот ја поддржува хигиената и спречува непријатни мириси.

    Начин на нанесување:

    Освежувачот ја одржува свежината во обувката до 48 часа. Дезодорансот се нанесува практично со помош на специјална млазница. Добро протресете го спрејот пред употреба, потоа вметнете го во обувката и лесно притиснете. Се остава да се исуши околу 30 секунди.

  • Bama White Renovator - средство за обновување на бела кожа 75 мл
    279.00 ден

    Специјална формула за освежување и осветлување на бела боја на кожа (чевли, патики, чанти и др.) давајќи им освежен изглед како нови.

    МОЌНА ПОКРИВНОСТ – Високата концентрација на пигменти обезбедува одлична покриеност дури и на многу истрошени или обезбојувани места, а може да се користи и за ѓонот од патиката.

    НАЧИН НА УПОТРЕБА – Прво темелно исчистете ги чевлите, а потоа нанесете го средството директно на местата каде што треба да се обнови белата боја при што резултатот е видлив за момент.

    Делува и како активатор на бојата, “подмладувајќи” го природниот тен на кожата и враќајќи и ја свежината.

  • Bell Black Show маскара
    243.00 ден

    Маскара за згуснување и издолжување на трепките. Интензивно црна, издржлива и кремаста формула совршено ги згуснува, издолжува и витка трепките за спектакуларен ефект. Специјалната силиконска четка ви овозможува да нанесете неколку слоеви маскара, без ефект на лепење на трепките. Маскарата не се лупи и лепи на очните капаци во текот на денот. Формулата содржи пантенол (вит.Б5) кој ги навлажнува и негува трепките.

    Нанесете го производот со динамични цик-цак движења, повлекувајќи ја четката нагоре. Распоредете ја маскарата од коренот до врвовите на трепките.

  • Bell Black Show маскара водоотпорна
    255.00 ден

    Водоотпорна, интензивно црна и издржлива маскара која совршено ги згуснува, издолжува и витка трепките за спектакуларен ефект. Кремастата формула ви овозможува да нанесете неколку слоеви без ефект на лепење на трепките. Маскарата не се шушка и не се лепи на очните капаци во текот на денот.