Моливче богато со боја и ултра-тенoк врв прецизно ги оцртува веѓите и видливо ги згуснува. Меката и нежна текстура овозможува лесно да се нанесува. Автоматско моливче за кое не е потребно острење.
Дерматолошки тестирано. Погоден за чувствителни очи и кожа, како и за луѓе склони кон алергии.
Практичната форма на стикот овозможува лесна и прецизна примена и нанесување. Совршено ги обликува веѓите, ги истакнува и им дава природен изглед. Водоотпорна фотмула, има долготраен ефект во текот на целиот ден. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителни очи, за носење контактни леќи и очила.
База за сенки со кремаста формула која ја зголемува издржливоста на сенката и ја подобрува и засилува нејзината нијанса. Лесно се применува.
Го изедначува тенот на кожата и создава нежен сјај. Содржаните микро минерали на кремастата формула и даваат свилена мекост.
Не содржи мириси. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна кожа и склони кон алергии.
Хајлајтер и бронзер во комплет, дизајниран од амбасадорот и заштитно лице на Bell Hypoallergenic Марселина Завацкаја (поранешна мис на Полска). Овој комплет е сè што ви треба за да го контурирате лицето! Палетата има три совршено усогласени нијанси на хајлајтери, и еден универзален контурирачки бронзер. Овој комплет ќе ви помагне да создадете различни типови на шминка – од секојдневна до истакнат ефект “sun-kissed”. Бисерните пигменти во составот ја прават вашата кожа сјајна и елегантно истакната, а нејзината кадифена формула ја олеснува апликацијата, создавајки идеално измазнета шминка без нагласени суви точки. Производот гарантира долготрајна шминка која останува постојана со часови. Погоден за луѓе со чувствителна или склона кон иритација кожа.
Неговата исклучително црна и водоотпорна формула овозможува голема покриеност веќе при првата апликација. Тенкиот и флексибилен врв ви овозможува да цртате прецизни линии, дебели или тенки. Исцртаната линија не се пренесува на очните капаци и е постојана – не исчезнува во текот на денот. Дерматолошки тестирано.
Компактна и универзална палета која што содржи два хајлајтери, суптилно руменило и бронзер. GOLDEN VIBES и PINK DIAMOND хајлајтерите ви даваат интензивна завршница како огледало, не дозволуваат да се истакнат недостатоците на кожата на лицето и ја прават кожата да изгледа помазна. Руменилото LOVELY CHEEKS ви дава изглед на сјајна и здрава кожа. Бронзерот SCULPTING MASTER има совршена нијанса за контурирање и оптичко слабеење на лицето. Уникатната формула на производите обезбедува рамномерна и лесна апликација без дамки, додека интензивната пигментација овозможува долготрајна шминка.
Интензивна црна линија од првата апликација. Долготрајна и водоотпорна формула која не дозволува размачкување на очниот капак во текот на денот. Специјалниот апликатор обезбедува создавање перфектни линии – од прецизни тенки до подебели и повидливи. Дерматолошки тестирано.
Влезете во четвртата димензија со луксузната маскара на Bell Royal MAXXX 4D за максимален волумен!
Специјалната четка има влакненца со различен обем и големина кои создаваат разновиден ефект – волумен, должина, совршено ги одделуваат трепките, ги штитат од лепење! Специјални полимери во формулата ги подигнуваат и извиваат трепки. Постигнувате максимален 4Д ефект! Од секој агол на окото! Ова не е сè! Формулата, која содржи ориз, пчелин восок и восок од карнауба, како и маслиново масло, ги храни трепките кои се истенчени и оштетени од секојдневното користење на маскари. Витамин Е и провитамин Б5 имаат лековито дејство и стимулираат побрзо закрепнување. Алое вера ги обновува, храни и заштитува трепките од кинење и истенчување.
Долготрајната формула прави да не се распаѓа и размачкува маскарата и ви овозможува да уживате во волуменозните трепки и совршениот вид подолго отколку кога користите обична маскара.
Палета хајлаитер. Палета за лице и тело со четири бои кои гарантираат различни ефекти на шминка. Прекрасно ги нагласува јаболчниците на лицето, веѓите, врвот на носот, јамата под носот, клучните коски, деколтето и многу повеќе. Идеално за стробинг (блескање). Обезбедува долготраен сјај, кожата изгледа помазно.
Кремаст сјај за усни со влажен ефект.
Со една апликација добивате нежни усни со влажен ефект и заситената боја која визуелно ги зголемува и измазнува усните. Пријатната формула на Shiny’s up сјајот не се лепи и не се собира на аглите на усните. Содржи навлажнувачки шеа путер кој има пријатна арома на овошен јогурт. Достапен во шест бои.
Маскара за бесконечно долги трепки.
Кремаста формула, збогатена со црн пигмент, ги издолжува и додава волумен на трепките, давајќи вистинска длабочина на изгледот. Неверојатно лесна за употреба – рамната силиконска четка ви овозможува да ги достигнете и најкратките трепки. Четката нанесува оптимална количина на производот, што не дозволува трепките да се залепат. Долготрајната формула ја зачувува шминката во текот на целиот ден. Содржаниот пантенол ги навлажнува и зајакнува трепките.
Содржаните растителни состојки, како што се пченични протеини и екстракт од скакулец, создаваат АКТИВЕН ЛИФТИНГ КОМПЛЕКС кој нежно ја затегнува и осветлува областа под очите, веднаш ги брише брчките и создава прекрасен свеж изглед.
Производот совршено се прилагодува на кожата и сигурно ги крие несовршеностите. Лесната формула овожможува лесна примена. Достапно во три бои: 01-soft porcelain, 02-true ivory, 03-true beige.
Ултра-тенок и долготраен молив за очи со единствена и интензивна црна боја уште од првото нанесување. Меката и деликатна формула овозможува лесна и прецизна примена. Совршен како класичен молив за очи и како khol молив за “водени линии”. Благодарение на издржливата формула, не ја променува бојата во текот на денот. Содржи ланолин и пчелин восок за поголема хидратација и рицинусово масло за дополнителен сјај. Само црна боја.
Благодарение на интензивната покриеност, овој молив за очи е совршен и како eyeliner и како класичен молив за внатрешноста на окото. Неговата кремаста конзистентност овозможува лесно и прецизно да се нанесува. Неговата долготрајна и водоотпорна формула прави да не се размачкува во текот на денот. Автоматскиот молив за очи не треба да се остри. Достапно во пет класични бои.
Пудрата за разубавување на лицето BELL Ultra Blurring Powder се користи како финиш пудра да ја намалува видливоста на порите и брчките и обезбедува порамномерен тен со ефект на Фотошоп. Нејзината удобна и деликатна структура ја прави пудрата незабележителна на вашето лице а кожата е совршено мазна. Универзалната нијанса во боја на праска ја прави кожата сјајна. Погодна за сите типови на кожа.
Бронзена пудра со нежна сатенска формула. Обезбедува универзалната бронзена нијанса и оптималната покриеност, идеална како за лица со светол тен, така и за исончано лице.
Не се напластува на кожата и обезбедува нежен сончев изглед на вашето лице. Совршено се прилагодува на кожата, на течна пудра и другите производи за шминка на лицето.