125 Products

Filters
  • Bell HYPOAllergenic палета на сенки
    850.00 ден

    Палетата содржи 8 високо заситени нијанси на сенки кои можат да се нанесат поединечно или да се комбинираат две или повеќе нијанси за да се постигнат безброј неверојатни изгледи – од обични секојдневни до зашеметувачки модерни визии. Мат сенките обезбедуваат длабочина, а сјајните даваат неверојатен блескав ефект. Сенките за време на апликацијата не се распаѓаат. За поинтензивна заситена боја, ставете од метални нијанси со влажен апликатор. Овозможуваат долготраен вид кој трае со часови. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погодни за луѓе со чувствителни очи и кои носат контактни леќи. Достапно во 2 бои.

    Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
  • Bell HYPOAllergenic палета хајлајтер & руменило
    849.00 ден

    Создадете уникатна, блескава, пастелна шминка со палетата HYPOALLERGENIC HIGHLIGHT & BLUSH! Овој сет од три прекрасни хајлајтери плус мат руменило ќе ја прави вашата кожа да изгледа свежа и сјајна. Нивната деликатна формула налик на пудра совршено се меша со кожата, оставајќи ја свилено глатка, без да ги истакнува сувите точки или пори. Нека неговата лесна примена стане дел од вашата дневна рутина, и шминкањето забава. Мат руменилото создава црвенило со природен изглед, а хајлајтерите го прават вашиот изглед поромантичен. Комбинирајте ги нијансите за да ја добиете најпосакуваната сенка на вашето лице. Овој комплет е совршен за сјајно контурирање и гарантира долготрајна шминка. Тестирано под надзор на дерматолог. Погоден за лица со чувствителна или склона кон иритација кожа.

  • Bell HYPOAllergenic прецизен автоматски молив за веѓи
    325.00 ден

    Моливче богато со боја и ултра-тенoк врв прецизно ги оцртува веѓите и видливо ги згуснува. Меката и нежна текстура овозможува лесно да се нанесува. Автоматско моливче за кое не е потребно острење.
    Дерматолошки тестирано. Погоден за чувствителни очи и кожа, како и за луѓе склони кон алергии.

    Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
  • Bell HYPOAllergenic пудра-стик за обликување на веѓи - водоотпорен
    215.00 ден

    Практичната форма на стикот овозможува лесна и прецизна примена и нанесување. Совршено ги обликува веѓите, ги истакнува и им дава природен изглед. Водоотпорна фотмула, има долготраен ефект во текот на целиот ден. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителни очи, за носење контактни леќи и очила.

    Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
  • Bell HYPOAllergenic светло-рефлектирачка крем база за сенки
    311.00 ден

    База за сенки со кремаста формула која ја зголемува издржливоста на сенката и ја подобрува и засилува нејзината нијанса. Лесно се применува.
    Го изедначува тенот на кожата и создава нежен сјај. Содржаните микро минерали на кремастата формула и даваат свилена мекост.
    Не содржи мириси. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна кожа и склони кон алергии.

  • Bell Hypoallergenic хајлајтер & бронзер комплет
    849.00 ден

    Хајлајтер и бронзер во комплет, дизајниран од амбасадорот и заштитно лице на Bell Hypoallergenic Марселина Завацкаја (поранешна мис на Полска). Овој комплет е сè што ви треба за да го контурирате лицето! Палетата има три совршено усогласени нијанси на хајлајтери, и еден универзален контурирачки бронзер. Овој комплет ќе ви помагне да создадете различни типови на шминка – од секојдневна до истакнат ефект “sun-kissed”. Бисерните пигменти во составот ја прават вашата кожа сјајна и елегантно истакната, а нејзината кадифена формула ја олеснува апликацијата, создавајки идеално измазнета шминка без нагласени суви точки. Производот гарантира долготрајна шминка која останува постојана со часови. Погоден за луѓе со чувствителна или склона кон иритација кожа.

  • Bell Intense молив за очи -10% Off
    Original price was: 334.00 ден.Current price is: 300.00 ден.

    Неговата исклучително црна и водоотпорна формула овозможува голема покриеност веќе при првата апликација. Тенкиот и флексибилен врв ви овозможува да цртате прецизни линии, дебели или тенки. Исцртаната линија не се пренесува на очните капаци и е постојана – не исчезнува во текот на денот. Дерматолошки тестирано.

  • Bell Let’s Contour! палета за контурирање
    690.00 ден

    Компактна и универзална палета која што содржи два хајлајтери, суптилно руменило и бронзер. GOLDEN VIBES и PINK DIAMOND хајлајтерите ви даваат интензивна завршница како огледало, не дозволуваат да се истакнат недостатоците на кожата на лицето и ја прават кожата да изгледа помазна. Руменилото LOVELY CHEEKS ви дава изглед на сјајна и здрава кожа. Бронзерот SCULPTING MASTER има совршена нијанса за контурирање и оптичко слабеење на лицето. Уникатната формула на производите обезбедува рамномерна и лесна апликација без дамки, додека интензивната пигментација овозможува долготрајна шминка.

  • Bell Perfect долготраен туш-молив за очи
    277.00 ден

    Интензивна црна линија од првата апликација. Долготрајна и водоотпорна формула која не дозволува размачкување на очниот капак во текот на денот. Специјалниот апликатор обезбедува создавање перфектни линии – од прецизни тенки до подебели и повидливи. Дерматолошки тестирано.

  • Bell Royal MAXXX 4D маскара за очи со алое вера
    215.00 ден

    Влезете во четвртата димензија со луксузната маскара на Bell Royal MAXXX 4D за максимален волумен!
    Специјалната четка има влакненца со различен обем и големина кои создаваат разновиден ефект – волумен, должина, совршено ги одделуваат трепките, ги штитат од лепење! Специјални полимери во формулата ги подигнуваат и извиваат трепки. Постигнувате максимален 4Д ефект! Од секој агол на окото! Ова не е сè! Формулата, која содржи ориз, пчелин восок и восок од карнауба, како и маслиново масло, ги храни трепките кои се истенчени и оштетени од секојдневното користење на маскари. Витамин Е и провитамин Б5 имаат лековито дејство и стимулираат побрзо закрепнување. Алое вера ги обновува, храни и заштитува трепките од кинење и истенчување.
    Долготрајната формула прави да не се распаѓа и размачкува маскарата и ви овозможува да уживате во волуменозните трепки и совршениот вид подолго отколку кога користите обична маскара.

  • Bell Shine Me Up палета хајлајтер за лице и тело
    690.00 ден

    Палета хајлаитер. Палета за лице и тело со четири бои кои гарантираат различни ефекти на шминка. Прекрасно ги нагласува јаболчниците на лицето, веѓите, врвот на носот, јамата под носот, клучните коски, деколтето и многу повеќе. Идеално за стробинг (блескање). Обезбедува долготраен сјај, кожата изгледа помазно.

  • Bell Shiny's up крем сјај за усни
    197.00 ден

    Кремаст сјај за усни со влажен ефект.
    Со една апликација добивате нежни усни со влажен ефект и заситената боја која визуелно ги зголемува и измазнува усните. Пријатната формула на Shiny’s up сјајот не се лепи и не се собира на аглите на усните. Содржи навлажнувачки шеа путер кој има пријатна арома на овошен јогурт. Достапен во шест бои.

    Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page