Нега на тело и лице
57 Products
-
-20% Off
420.00 денOriginal price was: 420.00 ден.336.00 денCurrent price is: 336.00 ден.Високо ефикасната формула со уникатна комбинација на масло од чајно дрво и пироктон оламин која го ублажува чешањето, значително го намалува првутот и спречува појава на нов.
Смирува и ефикасно се бори против сув, иритиран скалп. За мека коса и здрав скалп. Дерматолошки тестиран производ.
Забелешка: потребна е долготрајна употреба за да може шампонот целосно да делува и да ја врати природната рамнотежа на скалпот.
Производител: Mann & Schröder GmbH, Германија -
390.00 денМаската за усни од серијата Vegan Collagen интензивно ги регенерира усните. Ги храни испуканите усни и оптички ги измазнува. Ја намалува видливоста на фините линии и сувоста на усните. Хипоалергичниот состав е збогатен со вегански колаген, кој одлично ја хидрира сувата кожа на усните. Шеа путерот ги храни усните, а маслото од семки од кајсија и рицинусовото масло додаваат сјај. Витаминот Е има антиоксидантни својства. Нежно розовата нијанса им дава на усните свеж изглед, а мирисот на лубеница ја претвора оваа маска за усни во пријатен ритуал за секоја вечер.
Маската за усни е погодна за вегани со состав развиен во согласност со трендот Clean Beauty. PETA сертифициран. Содржи до 80% состојки од природно потекло. Тестирано под надзор на дерматолог.
-

1,047.00 денИнтензивна крема богата со масло од вечерна јаглика нуди заштитни и хидратантни својства и спречува губење на влага. Исто така, е идеален третман за непријатни чувства на затегнатост и има својства против стареење на кожата. За сите типови на кожа. Се користи како дневна и како ноќна крема.
Интензивно хранлив крем кој ја зајакнува бариерата на кожата, го намалува чувството на затегнатост и ја штити кожата од сувост. Комбинацијата од масло од вечерна јаглика, сквалан, шеа путер и растителни восоци создава особено хранлива и заштитна текстура што ја зголемува отпорноста на кожата. Кремата нуди разновидна употреба: како хранлива дневна или ноќна крема, за смирување на стресирана кожа или како заштита од штетните влијанија од околината.
Намена:
Хидратација, против стареење, исхрана, смирување.
Начин на користење:
Нанесете на исчистена кожа – лице, врат и/или деколте – и нежно масирајте.
-
356.00 денНежна терапија за усни ја регенерира и заштитува нежната кожа на усните. Содржаниот екстракт од алое вера има хранлив и хидратантен ефект со долготраен ефект. Ги смирува испуканите и суви усни. Многу пријатен и удобен за употреба. Со нежен сладок вкус и без леплив ефект. Вегански производ во согласност со трендот за ЧИСТА УБАВИНА. 95% од состојките се од природно потекло. Не содржи микропластика. Дерматолошки тестирано. Начин на употреба: се користи секогаш кога треба да ги навлажните (хидрирате) усните. Може да се користи и како основа за усни пред да нанесете кармин.
-
253.00 денЗаштитен балсам за усни SPF 25
Балсамот за усни од серијата VEGAN ги храни сувите и испукани усни и ги штити од штетните УВ зраци со заштитен фактор 25. Нежната мека формула ја нагласува нивната природна боја. Екстрактот од алое вера и кокосовото масло имаат хранлив и омекнувачки ефект, ја зголемуваат еластичноста на кожата. Содржиното масло од семки од кајсија, богато со витамини А и Е, и рицинусовото масло даваат сјај и мекост. Сончогледовото масло, извор на витамин Е и антиоксиданси, го зајакнува заштитниот слој на кожата и на тој начин ја штити од штетните влијанија на околината. Регенераторот е погоден за сите сезони.
Вегански производ во согласност со трендот Clean Beauty. ПЕТА сертифициран. Дерматолошки тестирано. Исто така погоден за чувствителна кожа склона на иритација.
Начин на употреба: нанесете го балсамот на усните секогаш кога ви треба заштита и хидратација. -
317.00 денШеќерен пилинг од серијата VEGAN нежно ги отстранува мртвите клетки од усните и ги измазнува. Хранливата формула ги штити од сушење и губење на хидратација. Кокосовото масло кое го содржи омекнува и ја зголемува еластичноста. Маслото од семки од кајсија, богато со витамини А и Е, и рицинусовото масло даваат сјај и мекост на усните. Пријатната овошна арома го претвора пилингот во неодолив ритуал со ефект на измазнување и омекнување.
Вегански производ во согласност со трендот Clean Beauty. ПЕТА сертифициран. Дерматолошки тестирано. Исто така погоден за чувствителна кожа склона на иритација.
Начин на употреба: нанесете мала количина на усните и масирајте додека не се стопат шеќерот. -

480.00 денРегенерирачка желе-маска за усни, заштитува, регенерира и ги истакнува усните.
Веганската маска има конзистентност налик на желе и создава прекрасно чувство на хидратација. Природно ја истакнува бојата на усните давајќи им поздрав изглед, а мирисот на лубеницата ги гали сетилата. Богатата регенерирачка формула со масло од рицинус, авокадо, кокос и јојоба го штити епидермисот од губење на влага, ги омекнува и храни усните. Витаминот Е и екстракт од лубеница имаат антиоксидативно дејство, ја зајакнуваат природната заштитна бариера на кожата и ја штитат од штетни надворешни влијанија. 100% веган. Во согласност со концептот CLEAN BEAUTY. PETA сертифициран. 90% од состојките се од природно потекло. Не содржи микропластика. Дерматолошки тестиран производ.
Начин на употреба: Нанесете ја маската на усните со помош на апликаторот.
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page -
237.00 денБалсамот од коњски костен е докажано ефикасен производ за нега на кожата. Природен екстракт од 12 билки, лесно загрева, ја подобрува циркулацијата и смирува кожата. Аромата на планински бор и камфор, рузмарин, ментол, арника и нане, ја витализираат кожата и ја стимулираат циркулацијата на крвта. Пантенолот (витамин Б5) и витамин Е ја штитат и се грижат за кожата. Дерматолошки тестиран производ. Да се избегнува контакт со очи и отворени рани.
Дивиот костен има докажано тонизирачко дејство врз вените (ги затега вените) и противвоспалително дејство, ги зајакнува капиларите, има и аналгетско дејство.
Покрај тоа, ја намалува зголемената тенденција на згрутчување на крвта и формирање на тромбови. -
237.00 денЕкстрактот од јужноафриканскиот ѓаволски нокт има докажано антиинфламаторно, антиревматско, аналгетско и седативно дејство. Ја нормализира циркулацијата на крвта.
Се користи за ревматизам, гихт, мијалгија, лумбаго а особено за артритис. Докажано е дека дејството на ноктот на ѓаволот го намалува отокот и болката во воспалените зглобови и ја зголемува нивната подвижност.
Нежното триење го подобрува ефектот на производот – мускулите се релаксираат, чувството на напнатост исчезнува. Се чувствувате освежено и опуштено. Содржи пантенол и глицерин кои ја хранат и навлажнуваат кожата.
Билката позната како “ѓаволски нокт”
се користи со векови во Африка. Во Европа била непозната сè до почетокот на 20 век, кога еден германски земјоделец слушнал приказни за нејзините лековити својства за време на патувањето во Јужна Африка. Тој одлучил да се одгледува во Германија и наскоро станува популарен хербален лек. -
Out of Stock
255.00 денOriginal price was: 255.00 ден.204.00 денCurrent price is: 204.00 ден.Се користи за нега на кожата на лицето, телото и рацете. Навлажнува, регенерира, ја подобрува еластичноста. Природниот екстракт од невен во комбинација со витамин Е, ја штити кожата во текот на целиот ден. Исто така погоден е за многу груба и иритирана кожа. Ја враќа свежината и еластичноста на кожата по изложување на сонце. Погодно за целото семејство. Идеално за масажа на целото тело и масажа на нозете.
Невенот има антимикробно дејство и способност да го забрза заздравувањето на раните. Исклучително ефикасен за проширени вени, смрзнатини, изгореници и постоперативни рани.
-

237.00 денБалсам за усни со алое вера и заштинен фактор SPF 25 од серијата „HypoAllergenic Aloe“.
Балсамот ја храни нежната кожа на усните. Неговата хипоалергична формула е збогатена со алое вера, која интензивно ја навлажнува, правејќи ја мека и еластична. Балсамот има и кокосово масло кое има хидратантно и хранливо дејство. Содржи и маслото од семки од кајсија, богато со витамин А и витамин Е, кои имаат антиоксидантни и навлажнувачки својства.
Балсамот има заштитен фактор SPF 25, кој ја штити кожата од штетното влијание на УВ зраците. Погоден е за употреба во сите сезони. Лесно се нанесува и остава нежна розова боја на усните. Формулата е веганска и содржи 89% состојки од природно потекло *. Дерматолошки е тестирана и не содржи микропластика.

