Прајмер-база која ефикасно го неутрализира црвенилото и ги прикрива недостатоците на кожата, правејќи ги крвните садови-капиларите и др. промени во бојата на кожата речиси невидливи. Ја навлажнува и измазнува кожата, и визуелно го продолжува животот на шминката. Лесната формула овожможува лесно и рамномерно нанесување.
Хипоалергичен зацврстувач за зајакнување на кршливи нокти. Ги штити ноктите од кршење, разделување на слоевите и пукање. Со комплекс на витамини А, Ц и Е, кои ја негуваат и зајакнуваат плочката на ноктот. Содржаниот екстракт од алги, семките од костен, морските минерали и силициумот го стимулираат брзиот раст. Производот може да се користи како основа за измазнување, што обезбедува рамномерно и лесно нанесување на лакот. И како транспарентна потхранувачка нега која ги штити ноктите од пожолтување, дамки и промена на бојата. Дерматолошки тестиран производ. Вегански производ. Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.
Специјално развиената густа формула на Strog маскарата обезбедува исклучително висока адхезија на трепките. Професионалната четка ги одделува многу добро и ја покрива секоја трепка, значително задебелувајќи ги и издолжувајќи ги. Дава ефект на оптичка дебелина. Дури и по нанесувањето на само еден слој, трепките интензивно се истакнуваат. Маскарата не се распаѓа, така шминката останува недопрена многу часови. Производот не содржи мирис. Тестирано под надзор на дерматолог и офталмолог.
Сјај за усни во нежни Nude нијанси. Дава сјај и волумен. Омекнува и храни. Овозможува пријатно чувство на меки усни. Со специјален апликатор за прецизна и лесна примена. Погоден за чувствителни и иритирани усни. Дерматолошки тестиран производ.
Хипоалергичeн лак “top coat” за интензивен и долготраен сјај на вашите нокти. Се користи после нанесување на лакот, и има за цел ја подобри бојата на лакот и заштити од оштетување и гребнатини. Брзо суши и лесно се нанесува благодарение на практичната четка. Се препорачува за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација. Тестирано под контрола на дерматолог. Вегански производ. Без алкохол и мирис.
Прецизна хипоалергиска маскара за горните и долните трепки. На трепките им дава интензивен волумен во текот на неколку часа, ги издолжува и ги прави оптички подебели.
Благодарение на прецизната четка, секоја трепка е обвиткана во интензивна боја. Исто така совршен за долната линија на трепките. Црна боја.
Без мирис. Погоден за луѓе со чувствителна и алергиска кожа. Дерматолошки тестирано.
Универзален и мултифункционален производ кој ја подготвува кожата за нанесување шминка. Благодарение на содржаната комбинација на пет масла: семе од коноп,
семки од кајсија, арган, јојоба и семки од сончоглед, тој совршено хидрира, регенерира и храни. Формулата е богата со витамини Ц и Е со антиоксидативно дејство,
го забавува процесот на стареење и ја подобрува еластичноста на кожата. Погоден за сива, уморна и безживотна кожа.
Маслото може да се користи самостојно или во комбинација со подлога за поприроден изглед. Производот е погоден и за коса и тело.
100% Веган. Производот е дерматолошки тестиран.Погоден за луѓе со чувствителна кожа и склони кон алергии.
Интензивно ги зајакнува меките, тенки и кршливи нокти. Благодарение на содржаните витамини Е, Б5 и природните состојки (екстракт од гинко билоба, екстракт од “роибос”, масло од арган, масло од “инка инчи”), серумот ги измазнува ноктите, ја враќа нивната еластичност и ги штити од кршење и разделување. Со нежна боја и силен сјај. Веднаш го подобрува изгледот на ноктите криејќи несовршености и промена на бојата на ноктите. Се користи и како измазнувачка основа, обезбедува рамномерно нанесување на лакот и го зачувува маникирот подолго време. Дерматолошки тестиран производ. Вегански производ. Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.
Долготраен ефект, крем-формула и интензивно покривање – сето тоа ќе го најдете во новиот кармин HYPOALLERGENIC Rich Creamy.
Хидратантното дејство и сатенскиот финиш создаваат феноменален изглед со долготраен ефект. Дерматолошки тестиран производ.
Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление.
Ќе се вљубите во богатата формула на новиот кармин Hypoallergenic Rich Mat. Уживајте во богата боја со долготраен ефект! Се нанесува рамномерно со леснотија, создавајќи прекрасен мат ефект со нежен слој.
Погоден за луѓе со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.
Колекција на мат течни кармини дизајнирани во соработка со амбасадорката и заштитното лице на Bell HYPOAllergenic Marcelina Zawadzka (поранешна мис на Полска), која инспирирана од светските метрополи создаде сопствена линија на мат кармини од Bell HYPOAllergenic. Кармините се интензивно пигментирани со мат ефект, обезбедуваат долготрајно покритие без да ги суши усните, сето тоа во модерни бои кои ја истакнуваат природната убавина на усните. Колекцијата има 6 нијанси: 01 – Florence, 02 – Warsaw, 03 – Las Vegas, 04 – San Francisco, 05 – Berlin, 06 – Sydney.
Идеален молив за дефинирање и добивање на посакуваната форма на веѓите и постигнување природен изглед.
На капачето од моливот има мала четка со меки влакна за чешлање и обликување на веѓите.
Моливот овозможува да се нанесе боја на деловите од веѓите кои се со помалку влакненца.
Моливот е дрвен и се остри со острилка.
Молив за очи за прецизно нанесување и исцртување на очниот капак, особено погоден за чувствителни очи, луѓе кои носат очила и контактни леќи. Има долготраен ефект, без дамки и несакани траги и отпечатоци на очните капаци. Нежната формула овозможува лесно и рамномерно цртање на прецизна линија. Погоден и за горните и за долните очни капаци. Достапно во 6 бои. Автоматско моливче за кое не е потребно острење. Дерматолошки и офталмолошки тестирано.
Bell HYPOAllergenic навлажнувачко и регенерирачко еликсир масло за усни со масло од коноп.
Во оставот содржи масло од семе од коноп, јатки од кајсија и арганово масло кои хидрираат, ги храни, омекнува и измазнува усните. Има хидратантно и регенерирачко дејство.
Лесната текстура не се држи до усните и создава пријатно чувство. Специјалниот апликатор со тркалање ги масира и омекнува усните.
100% Веган. Дерматолошки тестиран производ. Погоден за луѓе со чувствителна и склона кон иритација на кожата.
Палетата содржи 8 високо заситени нијанси на сенки кои можат да се нанесат поединечно или да се комбинираат две или повеќе нијанси за да се постигнат безброј неверојатни изгледи – од обични секојдневни до зашеметувачки модерни визии. Мат сенките обезбедуваат длабочина, а сјајните даваат неверојатен блескав ефект. Сенките за време на апликацијата не се распаѓаат. За поинтензивна заситена боја, ставете од метални нијанси со влажен апликатор. Овозможуваат долготраен вид кој трае со часови. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погодни за луѓе со чувствителни очи и кои носат контактни леќи. Достапно во 2 бои.
Создадете уникатна, блескава, пастелна шминка со палетата HYPOALLERGENIC HIGHLIGHT & BLUSH! Овој сет од три прекрасни хајлајтери плус мат руменило ќе ја прави вашата кожа да изгледа свежа и сјајна. Нивната деликатна формула налик на пудра совршено се меша со кожата, оставајќи ја свилено глатка, без да ги истакнува сувите точки или пори. Нека неговата лесна примена стане дел од вашата дневна рутина, и шминкањето забава. Мат руменилото создава црвенило со природен изглед, а хајлајтерите го прават вашиот изглед поромантичен. Комбинирајте ги нијансите за да ја добиете најпосакуваната сенка на вашето лице. Овој комплет е совршен за сјајно контурирање и гарантира долготрајна шминка. Тестирано под надзор на дерматолог. Погоден за лица со чувствителна или склона кон иритација кожа.